ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Македонија > Казнети 17 возачи – возеле пијани за празнициве

Казнети 17 возачи – возеле пијани за празнициве

1 мин читање

Полицијата деновиви спровела контрола на скопските улици, со цел санкционирање на возачи кои возеле под дејство на алкохол.

,,Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 133 возачи, a кај 17 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 17 мерки по горенаведениот прекршок, исклучени се 17 возачи од сообраќај, а откриени се и 26 останати прекршоци”, информира МВР.