ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Живот и Стил > Како да препознаете дека тој е заинтересиран само за секс?

Како да препознаете дека тој е заинтересиран само за секс?

Понекогаш е тешко да се препознаат знаците на мажите. Многу девојки не се сигурни дали тоа ласкање и флертување е поради тоа што другата страна сака подобро да ги запознае и да започне врска со нив или само затоа што сака добра забава за една ноќ.

Затоа и поради погрешно толкување на тие знаци, некои девојки се чувствуваат искористено, верувајќи дека момчето сакало врска и навистина имало посериозни намери.

За да не западнете во таква недоумица и разочарување, прочитајте ги овие знаци кои укажуваат на тоа дека дечкото е само заинтересиран за секс и следниот пат кога ќе ви пријде некој, внимавајте на нив.

1. Не многу долго по по запознавањето, почнува да ви зборува за тоа дека има празен стан.
2. По само неколку минути, од џебот ги вади клучевите од автомобилот. За да ви стави на знаење дека и таму можете да се забавувате.
3. 5 минути зборува за тоа колку убави усни имате додека нападно зјапа во вашето деколте и нозе.
4. Иако уште не знае како се викате, ве нарекува со „мили“ имиња од типот: срце, душо, цуцо, убавице…
5. Цело време зборува за својата поранешна девојка која го изневерила и му го скршила срцето, а сето тоа го прави надевајќи се дека баш вие ќе му го излечите срцето… и уште некои други делови од телото.
6. Вие збоувате, а тој само празно се насмевнува и ве одмерува, а повремено ви намигнува и ви дава „длабоки“ и „значајни“ погледи.
7. Случајно сте забележале дека пред да дојде до вас, се обидел да им пристапи на неколку други девојки и сите го одбиле.
8. По сите неуспешни бајки на кои не сте паднале, тој очајно ви признава како многу му се допаѓате и како би сакал подобро да ве запознае.