ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Кире „растура“ и на француски: Познавањето на јазикот е важна работа

1 мин читање

Кире Лазаров игра во голема форма и во втората своја сезона во Нант. Скоро на секој натпревар максимално ја користи минутажата и со голови и асистенции ги носи победите на својата екипа.

Вчера на француската телевизија на чист француски јазик, Лазаров ги објасни своите чувства во втората година во францускиот шампионат.

-Кога дојдов тука, не зборував француски. Јазикот е многу важен, да зборуваш со соиграчите, да го разбереш тренерот. Оваа година се чувствувам одлично, многу добра екипа сме, 18 ракометари и верувам во екипата и во големи работи сезонава“, заврши Лазаров.

https://www.facebook.com/lazarovkiril7/videos/373636863198106/

Извор: gol.mk

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0