ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Култура > Клупата на Горан Стефановски

Клупата на Горан Стефановски

1 мин читање

Денеска, околу ова време, требаше да се собереме во Дебар Маало за да ја откриеме клупата на Горан (заедно со една мала забава за неговиот роденден, кој е утре), напиша денеска на својот фејсбук-профил Игор Стефановски, синот на Горан Стефановски.

„Тоа, како и многу други нешта, не се случи, но се надевам дека во скоро време ќе бидеме заедно за овој и сите културни настани кои толку многу ни фалат овие денови. Бидејќи, што е животот без културата? 🧐 До скоро (пупупу)!“, напиша Игор.

И Јана Белчева, претседателката на Советот на општина Центар најави дека клупата, и покрај кризата, наскоро ќе се постави. „Клупата со Горан Стефановски ќе биде место за секој да може да седне до него и да си размислува за животот, за среќата и тагата, за вистината или обратноста. Ќе го славиме животот и ќе се потсетуваме на сѐ бесценето што ни остави во наследство“, напиша Белчева.

Извор:MKD.mk