ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Командант Малишева им честиташе на напаѓачите на Јанакиески и Ристoвски и упати нови закани: „Нема да престанеме во оваа битка“

Командант Малишева им честиташе на напаѓачите на Јанакиески и Ристoвски и упати нови закани: „Нема да престанеме во оваа битка“

1 мин читање

Мухамед Красниќи познат под прекарот Командант Малишева на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги откри напаѓачите на Мили Јанакиески и Спиро Ристевски, но и упати нови закани до сите кои ќе дојдат во иднина во затворот.

-Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиески беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, стои во заканата на Красниќи.

Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.