ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Коцијанчич без коментар за заканата на Мицотакис за можно грчко вето за Македонија во ЕУ

Коцијанчич без коментар за заканата на Мицотакис за можно грчко вето за Македонија во ЕУ

1 мин читање

Запрашана за изјавите на Киријакос Мицотакис, лидерот на грчката опозициската партија Нова демократија, дека Грција ќе ја задржи контрола врз процесот на зачленување на Македонија во ЕУ и неговата закана за можно вето, портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич денеска потсети на „јасниот пат на земјата кон ЕУ“, јави дописничката на МИА од Брисел.

-ЕУ перспектива е многу присутна, знаете дека Советот лани постави јасен пат кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 и веруваме дека со оглед на последните настани, напорите во таа насока треба да се зајаканат, но ова е поширока задача која вклучува и работа врз реформите. Сепак, имаме многу јасен пат напред, рече Коцијанчич.

По ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција во петокот, Македонија очекува да добие зелено светло за старт на преговори во ЕУ во јуни годинава, доколку ги исполни трите поставени услови: реформа на јавната администрација, на тајните служби и на судството.