ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Кровни градини

Спојот на природата и архитектурата датира уште од античко време, а вредно е да се каже дека висечките градини на Вавилон се меѓу седумте светски чуда.

Благодарејќи на развојот на ботаниката и новите видови на растенија, крововите стануваат погодно место за одгледување на цвеќе, грмушки, па и дрва. После шеесеттите, во земјите како Швајцарија, Холандија, Унгарија, Шведска и Велика Британија зелените кровови се промовираат преку многубројни здруженија, а во Австрија и финансиски се помагаат. Кога станува збор за истражувањата, технологијата и градењето на кровни градини, Германија е водечка земја, со преку 10% озеленети кровови.

Покрај естетските ефекти и погодностите кои ги носи како природен термо изолатор на станмебите простори, кровните градини влијаат поволно кога станува збор за борбата против аерозагадувањето во градовите. Намалувањето на зелените површини, намалувањето на бројот на растенија, птици и инсекти во урбаните средини се причина повеќе трендот на озеленување на крововите на зградите и куќите да биде во постојан пораст.

Во продолжение, неколку карактеристични примери и идеи како кровот на зградата или куќата може да стане одлично место за одмор и релаксација.

 

 

 

 

 

 

 

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0