ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Кумановскиот затвор целосно отсечен, нема струја ниту телефон

Кумановскиот затвор целосно отсечен, нема струја ниту телефон

1 мин читање

Поради високите наноси од снег, затворот во село Кшање не фунционира редовно, соопшти денеска директорот на казнено-поправната установа, Марјан Спасовски.
Наносите од снег на приодот кој води до затворот на одредени места изнесуваат и два метри.

Попладневно по барање на одговорните од затворот, општина Куманово испратила возило за расчистување на патот, но тоа не успеало да го расчисти поради високите наноси од снег.

– Поради конфигурацијата на теренот, на патот кој води до затворот има наноси кои воопшто не можат да се исчистат – изјави директорот Спасовски.

Тој информираше дека од вчера поради дефект, установата е без струја и се користат агрегати. Во дефект е и телефонската линија. Проблем претставува и дистрибуцијата на храна бидејќи економските оператори се оневозможени да ја достават.

– Се надеваме дека во текот на утрешниот ден, проблемите ќе се надминат, рече Спасовски.