ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Курти: Тачи може да разговара со Путин само за политички азил во Русија

1 мин читање

Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти му порача на претседателот на Косово Хашим Тачи дека со неговиот руски колега Владимир Путин може да договара само за да добие политички азил во Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.

– По многуте отстапки што ги направи кон српскиот претседател, Александар Вучиќ, Тачи се слика со Путин. Тој може да се договара со него само за неговото лично барање за политички азил во Русија, напиша Курти на својата страница на Фејсбук.

Косовскиот претседател Тачи истакна дека во Париз се сретнал со претседателот на Русија Путин, од кого добил поддршка за преговорите меѓу Косово и Србија за постигнување конечен договор за помирување меѓу двете земји.

Тачи на неговата страница на Фејсбук објави и слики од неговата средба со Путин, реализирана завчера во рамки на церемонијата за одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

МИА

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0