ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Занимливости > Лабрадорите 28 години се најпопуларна раса кучиња во САД

Лабрадорите 28 години се најпопуларна раса кучиња во САД

Лабрадорите веќе 28 години по ред се најпопуларната раса кучиња во САД, покажува новообјавениот извештај на Американскиот кинолошки сојуз.

На листата 10 најпопуларни се најде и германскиот птичар со куси влакна, кој, заземајќи го деветото место, го оствари својот најдобар резултат откако добил признание од Сојузот во 1930 година. Пред него се наоѓаат германските овчари, златните ретривери, француските булдози и булдозите.

Меѓу најпопуларните кучиња се и пудлата, ротвајлерот и јоркширскиот териер.