Лејди Гага најави нов албум за 29 мај
1 мин читањеАмериканската пејачка Лејди Гага изјави дека на 29 мај ќе го објави својот нов албум.
Новото музичко оставрување е наречено „Chromatica“ и ќе има 16 песни. Новиот албум можеше да се појави и претходно, но Лејди Гага не сакала да го објави поради пандемијата со коронавирусот.
-Ова е доста страшно време за сите нас и додека бев уверена дека уметноста е најсилно нешто што ни овозможува радост и исцелување, сфатив оти едноставно не е в ред од моја страна да објавам нов албум во услови на светска пандемија… Но, патешествието продолжува, напиша таа.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: