Лидер: ЕДС нов универзален снабдувач на 700 илјади домаќинства со струја?
Јавниот повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата заврши на 3 декември, а името на избраната компанија се очекува да биде познато во наредните неколку денови. Во трка се над двесетина фирми, меѓу кои и фирмата ЕДС која до неодамна беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а сега сопственост на грчкото државно електростопанство, пишува Лидер.
Економски Лидер дознава дека функционери на власта се обидуваат да го наместат токму ЕДС за универзален снабдувач, кој ќе снабдува над 700.000 домаќинства со струја, а со тоа овој милионски бизнис оди во рацете на Грците.
Снабдувачот ќе биде своевидно привилегиран во однос на другите фирми на пазарот бидејќи ЕЛЕМ ќе има обврска дел од своето производство да му го дава на снабдувачот во период од 5 години.