Ликовна изложба ,,Парижанка во Делчево”
1 мин читање„Парижанка во Делчево“ е насловот на ликовната изложба од авторката Лена Ѓуриќ чии дела денеска ќе бидат изложени во фоајето на Спомен-домот АСНОМ во Делчево.
Изложбата е во рамки на одбележувањето на празникот посветен на свети Климент Охридски, а во организација на Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и делчевското основно училиште „Св. Климент Охридски“ кое со оваа изложба ги започнува активностите за одбележување на патронот на училиштето.
-Во фоајето ќе бидат изложени 30-ина дела од авторката Ѓуриќ, кои се богати со емоции, колоритни, со богат наратив и лесно воочлива симболика со што се привлекува вниманието на публиката, велат од НУЦК Н.Ј.Вапцаров.
Авторката Лена Ѓуриќ е родена во Свети Николе, а трисетина години од својот живот ги поминува во градот на светлината Париз, каде ги впива креативните енергии на најголемите светски репрезенти на уметноста. Париз е и местото, каде нејзиниот талент за уметност се развива и станува реалност. Последниве години, Лена живее и твори во Штип. На сликарското платно, таа овековечува портрети, жива и мртва природа.
Досега, богата колекција од ликовни дела на Ѓуриќ се изложувани низ повеќе градови во Македонија, како Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Скопје.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: