Луксузните автомобили украдени од скопски автосалон пронајдени во Гостивар

На крајот на минатата недела, МВР во дневниот билтен информираше дека три автомобили марка „Мерцедес“, „БМВ“ и „порше“ биле украдени од автосалон во Скопје. Возилата биле пронајдени во Гостивар, пренесува порталот „Гостиварпресс“.
Според првичните сознанија, возилата биле пронајдени на различни локации во Гостивар, а едното од нив, „мерцедесот“, бил паркиран во близина на автобуската станица.
За сега нема информации за сторителите на кражбата.
Се очекува МВР да соопшти повеќе информации во врска со случајот.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: