ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Луѓето нека јадат, пијат и пушат колку што сакаат, порача норвешката министерка за здравство

1 мин читање

Норвешката министерка за задрваство, Силви Листхауг, смета дека на луѓето треба да им се дозволи да јадат, пијат и пушат колку што сакаат, пренесува Би-Би-Си.

„Моето сфаќање на јавното здравје е мошне едноставно. Не мислам да бидам морална полиција и да им кажувам на луѓето како да живеат, но ќе им овозможам да се информираат и сами да одлучат“, порачува министерката додавајќи дека пушачите биле третирани како „отпадници“ во општеството.

На ваквите ставови реагираше главната секретарка на норвешката „Лига против ракот“, Ани Лиза Руел, со тврдење дека таквите изјави би можело да му наштетат на јавното здравје.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0