Македонија денеска ги дознава противниците во квалификациите за ЕП 2020
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае своите противници во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, што ќе се одржи во повеќе евроспки градови.
Македонскиот национален тим во петтиот шешир е заедно со селекциите на Косово, Белорусија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Гибралтар и Фарски Острови, што значи дека овие селекции ќе ги избегнеме во квалификациите. Македонија за малку не се најде во четвртиот шешир, односно за еден поен.
Ждрепката се одржува во Даблин, и почнува во 12 часот. Квалификациите почнуваат во март идната година, и завршуваат во ноември 2019 година.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020
ПРВ ШЕШИР: Белгија, Франција Шпанија, Италија, Хрватска, Полска, Швајцарија, Португалија, Холандија, Англија.
ВТОР ШЕШИР: Германија, Исланд, БИХ, Украина, Данска, Шведска, Русија, Австрија, Велс, Чешка.
ТРЕТ ШЕШИР: Словачка, Турција, Р. Ирска, С. Ирска, Шкотска, Норвешка, Србија, Финска, Бугарија, Израел.
ЧЕТВРТ ШЕШИР: Унгарија, Романија, Грција, Албанија, Ц. Гора, Кипар, Естонија, Словенија, Литванија, Грузија.
ПЕТТИ ШЕШИР: Македонија, Косово, Белорусија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Гибралтар, Фарски Острови.
ШЕСТИ ШЕШИР: Летонија, Лихтенштајн, Андора, Малта, Сан Марино.