ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Македонија со убедлива предност: Несторовски ја искина мрежата на градски

1 мин читање

Илија Несторовски целосно го остави зад себе периодот без голови за Палермо и Македонија и со плодна есен потврдува дека е наш најдобар напаѓач и оваа календарска година. Прилепчанецот со прекрасен гол ја круниса својата одлична партија против Гибралтар.

Само неколку минути по голот со глава за 2-0, Несторовски со генијално пласирана топка со левата нога од работ на казнениот простор ја „искина пајажината“ од голот на Гибралтар за 3-0.

Неколку минути подоцна Ангеловски го замени со Крсте Велкоски, а прилепчанецот заработи аплаузи од 2.000 гледачи во Скопје.

Извор: Гол.мк

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0