Макрадули во Белград на конференција за намалување на загадувањето во ЈИЕ
Заменик министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули, денеска и утре во Белград, ќе присуствува на министерската конференција „Иновативни решенија за намалување на загадувањето во Југоисточна и Јужна Европа“.
Конференцијата е во организација на Министерството за заштита на животната средина на Република Србија во партнество со Програмата за заштита на животната средина на ОН, и со поддршка на Министерството за заштита на животната средина, копното и морето на Република Италија и има за цел изнаоѓање на заеднички начини и мерки за спречување на загадувањето во овој дел на Европа.
МИА
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: