ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Спорт > Манчестер Јунајтед доби нов менаџер

Манчестер Јунајтед доби нов менаџер

Манчестер Јунајтед го соопшти името на новиот менаџер откако вчера Жозе Мурињо доби отказ од клубот.

Можеме да потврдиме дека Оле Гунар Солскјер е именуван за менаџер до крајот на сезоната 2018/2019.  Мајк Фелан ќе му се придружи како тренер на првиот тим, заедно со Мајкл Керик и Киран МекКена, објави Јунајтед.

Норвежанецот во клубот од „Олд Трафорд“ помина 11 сезони, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година.