ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Спорт > Мартин О’Нил се врати во Нотингем Форест

Мартин О’Нил се врати во Нотингем Форест

1 мин читање

Мартин О’Нил е назначен за главен тренер на Нотингем Форест, објави прес-службата на клубот. Нотингем сезоната ја започна под водство на тренерот Аитора Каранки. На 11 јануари тој беше отпуштен, а еден натпревар тимот беше под надзор на в.д. тренер Сајмон Ајрленд.

О’Нил е поранешен селектор на Ирска, која ја водеше од 2013 до 2018 година и учествуваше на Европското првенство 2016 година.

Тој исто така работел и во голем број англиски клубови, вклучувајќи ги Лестер, Астон Вила и Сандерленд, а од 2000 до 2005 година го предводеше Селтик.

Како фудбалер, О’Нил поголемиот дел од својата кариера помина во Нотингем Форест од 1971 до 1981 година, период во кој стана шампион на Англија и освои два трофеја во Купот на шампионите. (МИА)