ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Македонија > Мајката на убиеното момче објави Фејсбук пораки: Ангела го прашувала Пино каде живее

Мајката на убиеното момче објави Фејсбук пораки: Ангела го прашувала Пино каде живее

Мајката на убиениот Пино, Маја Трпковска, не запира и упорно, преку социјалните мрежи, испраќа апели за правда за убиениот син.

Таа на Фејсбук објави комуникација за која тврди дека е меѓу осомничената девојка Ангела, која во моментов се наоѓа во притвор, и нејзиниот син Пино.

Во комуникацијата, за која мајката тврди дека Ангела прва ја почнала, Пино ја прашува од каде се знаат и зошто ја интересира девојката каде живее Пино.

Осомничениот за убиството Али Фуркан е во бегство. Судот на него му изрече мерка притвор во отсуство.