„Мајкрософт“ развива нов прелистувач
1 мин читањеНаследникот на класичниот Интернет Експлорер, Еџ не беше успешен, како што очекуваше „Мајкрософт“.
Создаден од нула, Еџ беше промовиран во 2015 година заедно со Виндоус 10, нудејќи нова можност за рендерирање, наречена ЕџХТМЛ.
Мајкрософт Еџ требаше да биде брз, лесен и безбеден за користење. Прелистувачот, сепак, уште на стартот се соочи со многу проблеми од сексков вид, што набрзо доведе до откажување од неговите услуги на многу корисници.
Ова веројатно е главната причина гигантот од Редмонд да „крене бело знаме“, што се однесува до ЕџХТМЛ, стартувајќи развој на целосно нов прелистувач базиран на Хромиум.
Повеќето од денешните прелистувачи се засновани токму на Хромиум, проектот на „Гугл“ кој е основа на најпопуларниот прелистувач на светот Хром. Кодното име на новиот систем е Анахајм (Anaheim) и тој би требало да го замени Еџ како стандарден пребарувач во Виндоус 10.
Во моментов има малку информации за новиот систем, како тоа дали Еџ ќе остане активен или „Мајкрософт“ ќе користи ново име. Корисничкиот интерфејс на Анахајм останува непознат, а не се знае ниту дали нешто од визуелната изведба на Еџ ќе биде пренесено на новиот прелистувач.
Едно нешто, сепак, е јасно – ЕџХТМЛ е мртов како стандарден прелистувач во Виндоус 10.
Се очекува „Мајкрософт“ да го претстави Анахајм преку својата „Виндоус 10 Инсајдер“ програма.
МИА