Меланија Трамп ja накити Белата куќа за Божиќ
1 мин читањеАмериканската прва дама Меланија Трамп ја претстави Белата куќа во годинешното божиќно руво, кое сама го осмисли, и е засновано на „американските богатства“.
Меѓу куќните украси има дрво подарено од семејства на загинати американски војници, полици над каминот со слики од Њујорк, Сент Луис, Чикаго и Сан Франциско… Тука е и традиционалната новогодишна куќичка за деца, како и елка висока 5,5 метри.
Меланија Трамп на Твитер објави и видео-снимка на која се гледаат натписи од нејзината хуманитарна кампања „Биди најдобар“, што е наменета за децата од ранливите категории.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: