ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Спорт > Меси ќе биде подготвен за дуелот со Реал

Меси ќе биде подготвен за дуелот со Реал

1 мин читање

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, ќе може да учествува во полуфиналето на шпанскиот куп против Реал Мадрид. Првиот дуел од пресметката на лутите ривали ќе се одржи на 6 февруари.

Според „АС“ повредата на 31-годишниот Аргентинец здобиена на средбата со Валенсија од 22. рунда во Примера против “Валенсија” (2:2) не е сериозна.

Меси нема да биде подложени на медицински испитувања, туку ќе почне да тренира со останатите од тимот како и обично.

Меси оваа сезона одигра 27 натпревари за Барселона, постигна 29 гола и оствари 12 асистенции.