Мисајловски: Единствена цел на оваа влада е продавање на националните интереси, промената на името и создавање гнев кај граѓаните
1 мин читањеНие не сме застанале со протестирање веќе подолг период и ќе продолжиме во иднина, сакам да ги охрабрам сите граѓани на Република Македонија да ни се приклучат, да дојдат со нас дали се партиски или непартиски, да дојдат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и да се упатуваат кон владата на Република Македонија, но и во сите оние градови каде што правиме протести, бевме во Кочани, следната недела ќе одиме во Велес, Прилеп и во други градови и добро е да ни се приклучат, ова во гостувањето во вестите на телевизија Алфа го истакна Владо Мисајловски.
-Што помасовно, тоа подобро и повеќе пораки ќе испратиме кон владата и сите оние да не слушнат и она што навистина е црнила во Република Македонија и ние сами да го подигнеме својот глас и да го кажеме тоа јавно. Република Македонија заслужува многу повеќе, граѓаните заслужуваат многу повеќе, владата на Република Македонија ништо не прави и единствена цел е како да ги продадат националните интереси, како да се промени името, да има гнев кај граѓаните, да се сее омраза и ништо да не се работи. Имаме ресори каде што апсолутно ништо не се работи и затоа ние сме политичари и додека треба ние ќе бидеме секој ден на улиците што помасовно за оваа влада да падне, потенцира Мисајловски.