ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Мицкоски: Заев го снимал и следел судството, нема никаква правна разрешница

Мицкоски: Заев го снимал и следел судството, нема никаква правна разрешница

1 мин читање

Народот тешко живее. Македонија е во пранги. Македонија е заробена држава. Македонија нема реформи во судството. Македонија нема реформи во обвинителството. Ни се случува да ни се преслушкуваат судии и обвинители и месеци потоа да нема разврска. Никој од вас не прашува каде се наоѓаат тие снимени материјали, кој ги поседува, кој ги преслушкува, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Печат на неделата“ на 1ТВ.

Мицкоски истакна дека јавен обвинител на прес конференција изјавил дека биле преслушкувани јавни обвинители од 2016 до 2018 година, потенцирајќи дека и тогаш и сега министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски.

Сега го откривме скандалот, поминаа неколку месеци потоа каде се материјалите, праша Мицкоски.