ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Мицкоски: Ништо од најавената германска инвестиција на Заев, странските инвеститори ја одбегнуваат Македонија поради криминалната власт

Мицкоски: Ништо од најавената германска инвестиција на Заев, странските инвеститори ја одбегнуваат Македонија поради криминалната власт

1 мин читање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус посветен на уште една лага ветена од страна на СДСМ.

-Помина месец Јануари, нема ништо од најавената германска инвестиција на Заев.

Уште една лага!

На премиерот не му пречеше да го злоупотреби и името на германската канцеларка.

Уште помалку има нешто од оние прво најавени инвестиции на Заев за Google и FB.

Денес, одново слушам неболузи како влезот во воениот сојуз НАТО ќе донесе нови инвестиции. Влезот во НАТО е наша стратешка цел, но тоа нема никаква директна врска со странските инвестиции.

Странските инвеститори ја одбегнуваат Македонија не затоа што се плашат дека некој ќе изврши воена инвазија и ќе загрози нивната инвестиција, туку пред се затоа што криминална ни е власта. Затоа што нема владеење на правото и има целосно отсуство на правната држава.

Понудата која се дава на странските инвеститпри се зголемени даноци, истоштена домашна економија и министри за привлекување на инвестиции чии имиња не ги знае ниту домашната јавност, стои во неговиот статус на Фејсбук.