ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Мицкоски: Ќе победиме на предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Ќе победиме на предвремени парламентарни избори

1 мин читање

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека потврдата на ставот народот на 30 септември кажал дали позициите на ВМРО-ДПМНЕ беа исправни или не беа исправни во однос на Песпанскиот договор.

„Откако ќе ја добиеме довербата на народот, а ние ќе ја добиеме на следните предвремени парламентарни избори, се разбира доколку парламентарното мнозинство се одважи, ќе видите кои ќе бидат чекорите и ќе видите кои процеси ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени во иднина. Така што јас би бил навистина внимателен, ја разбирам потребата од откривање сензационализми предвреме. Но јас би бил внимателен навистина во чекорите кои ќе одат еден по друг, така што ајде најпрвин да видиме дали владејачкото мнозинство ќе се охрабри ќе се одважи, ќе се осмели да ја поддржи иницијативната на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори”, вели Мицкоски.

Тој повторува дека е подготвен да биде премиер и за него секогаш ќе остане Република Македонија, не сметајќи ја, како што вели, „оваа историска грешка којашто ја направи владата на СДСМ и Зоран Заев заради лични и кариеристички цели”.

На прашањето дали тоа значи повторна измена на Уставот или пак дека нема да го почитуваат Уставот, бидејќи уставните измени се веќе донесени и ќе стапат на сила, Мицкоски одговара дека ниту процес во историјата не е еднонасочен, сите процеси во историјата искуството вели дека биле реверзибилни.

„Прашање на време е кога повратната врска ќе се реализира. Така што важно е претходно да се случат некои други процеси, па дури потоа ВМРО-ДПМНЕ ќе може пред граѓаните на Република Македонија да го спроведе ова што ние денеска го разговараме и она врз основа на што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради идната своја политичка доктрина. Ние сме партија којашто е непосредна, партија од народот, од граѓаните, партија која што е честита, искрена и принципиелна. Ние не можеме да ветуваме нешто што не можеме да оствариме. Ние не можеме истовремено да бидеме патриоти во топлинки дома пред компјутери и да пишуваме статуси на социјалните мрежи, ниту пак ќе зборуваме она што граѓаните сакаат да го слушнат. ВМРО-ДПМНЕ може да вети, јас можам да ветам дека откако ќе ја добијам довербата на граѓаните, ќе сторам сè што е во моја моќ процесите да ги изменам”, изјави тој.