ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Македонија > Млада девојка утрово пронајдена мртва во скопско Волково

Млада девојка утрово пронајдена мртва во скопско Волково

1 мин читање

Млада девојка утрово е пронајдена мртва во скопско Волково, дознава Press24 од свои извори во полицијата. Се уште нема информации во какви околности починала девојката ниту пак дали на нејзиното тело има траги на насилство.

Полициски извори велат дека токму во овој момент, полициска екипа се упатила на терен за да изврши увид.

Немало траги на насилство врз телото на младата девојка која утрово беше пронајдена мртва во скопско Волково. Полициски извори велат дека најверојатно станува збор за ненасилна смрт.

Девојката, според неофицијални информации имала здравствени проблеми.

Од МВР само го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали.