ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Младите и перспективни кадри си заминуваат од Македонија.

Младите и перспективни кадри си заминуваат од Македонија.

1 мин читање

Тоа што Димитров признава дека две години преспал и наместо да се концентрира на тоа како младите да останат во земјава и да го дадат својот придонес, тој си се фокусирал на стипендијата на ќерката, не им помага многу на кандидатите кои заради партиските фаворити на Заев и Димитров не добиваат шанса во МНР.

Никола Димитров наместо во изминативе две години да иницира промена на Законот за административни службеници доколку смета дека тој има пропусти, тој  се зaангажира да обезбеди стипендија од 40.000 евра за ќерка му за студирање во Холандија.

Димитров треба да  се огледа на примерот со хрватската Претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, чија ќерка е примена на Харвард и ќе добива стипендија од Универзитетот, а не од државата.

За цел свет важат едни стандарди, а за Димитров важат други.

Квалитетни кадри кои се образувале во странство, магистрирале и докторирале на свој сопствен трошок не се доволно квалификувани за Димитров, а се квалификувани лица кои завршиле само високо образование. Ако ова не е партизација и двојни аршини, тогаш не знаеме што е.

Партизацијата мора да запре. Достапноста на работните места мора да биде еднаква за сите, без разлика кој од која партија е. Македонија мора да стане држава за сите. Со еднакви можности за секој.