ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Останати Спортови > Надал го потврди учеството во Австралија Опен

Надал го потврди учеството во Австралија Опен

1 мин читање

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го потврди своето учество на претстојниот Австралиски Опен. Ова го соопшти директорот на Грен слем турнирот Крег Тајли.

-Разговарав со Надал. Тој го потврди своето учество и има намера да се врати во својата препознатлива форма, изјави Тајли.

За потсетување, Надал се соочи со повреди по УС Опен и е надвор од терените од септември.

Шпанецот во финишот на сезоната го загуби првото место на АТП ранг листата каде сега се наоѓа Новак Ѓоковиќ.