Наумовски наместо да започне да ги реализираат проекти, тој од општинскиот буџет ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања
1 мин читањеГрадоначалникот Наумовски во наредните месеци од општинскиот буџет ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања и со тоа ќе ја зголеми општинската администрација за енормни 30 проценти.
Со оваа анти-реформа администрацијата во општина Ѓорче Петров ќе се искачи до неверојатни 84 вработени.
Наместо да започне да ги реализираат проекти кои се неопходни за да се обезбедат основни услови за живот поточно изградба на нови градинки, училишта, игралишта, амбуланта, театар, да се постави ново улично осветлување и клупи, клептоманската власт на СДС сака општинската администрација на Ѓорче Петров да ја наполни со нови партиски војници.
ВМРО – ДПМНЕ предлага наместо да се вработуваат партиски послушници од редовите на клептоманската власт на СДС овие 2 милиони денари да се искористат за нови мерки за прочистување на воздухот, зелени површини, обезбедување на нов систем за греење во училиштата, асфалтирање на улици во Ѓорче Петров, нова урбана опрема, нови детски игралишта и низа многу други проекти.
Исто така истакнуваме дека ВМРО – ДПМНЕ будно ќе го следи овој процес и јавно ќе ги произнесе сите имиња на оние кои што ќе се вработат под партиски клуч, а не по професионалните квалификации.