ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Занимливости > Научниците за тие што Земјата ја гледаат рамна: Јутјуб е виновен!

Научниците за тие што Земјата ја гледаат рамна: Јутјуб е виновен!

Професорката по научна комуникација од Технички Универзитетот од Тексас, Ешли Лендрам вели дека по интервјуирањето на повеќе од 30 „рамноземјаши“, на нивните конвенции 2017 и 2018 година, заклучила дека сите тие почнале да тврдат дека нашата планета не е со сферична форма по гледање на снимки на Јутјуб.

„Единствената личност која не го изјавила истото, бил човек, кој таму дошол со својата ќерка и зетот. Тие за „рамна Земја гледале на Јутјуб и потоа му раскажале за тоа”, вели Лендрам на собирот организиран од страна на Американската асоцијација за унапредување на науката.

„На Јутјуб има многу корисни информации, но исто така и многу дезинформации. Нивните алгоритми олеснуваат многу работи да одат во „глувчешка дупка“, и тоа поради тоа што тие ги промовираат оние информации, кои имаат и привлекуваат повеќе претплатници”.

Лендрам ги повика научниците да им се спротивстават на „рамноземјашите” со видео материјали така што ќе снимаат свои, во кои ќе ја изнесат научно докажаната вистина.

„Кажете им зошто нивните објаснувања не се вистинити и предочите дека постојат голем број начини да се уверат во тоа и самите“, вели таа.

„Гугл“ претходно објави дека оваа година планира на Јутјуб постепено да го намали бројот на препораки за оние видео материјали што содржат „потенцијално штетни и неточни информации”, како што се оние кои „промовираат чудотворни лекови за сериозна болест, тврдењата за рамна Земја или лажни тврдења за познати историски настани “.