ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Нацисти осудени на казна затвор, го крстиле бебето Адолф

1 мин читање

Британска двојка доби затворски казни кога двајцата партнери беа обвинети за учество во екстремно десничарска терористичка група, пренесоа локални медиуми.

Адам Томас (22) доби затворска казна од шест и пол години, а некогава партнерка Клаудија Пататас (38) е осудена на пет години затвор поради учество во National Action, група чие постоење беше забрането во 2016.

Поротата во судот од Бирмингам на сослушувањето дознала дека двојката на своето дете му дала средно име Адолф, наводно поради восхит кон лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер.

Како дел од доказите приложени на суд биле и фотографии на кои Томас и Пататас позираат до знаме со свастика. На друга фотографија е прикажана Пататас со бебето, исто така позирајќи до знаме со свастика.

Пататас, која има потекло од Португалија, вели дека сите Евреи мора да бидат убиени, а дека нејзиниот сопруг Томас смета дека сите лица што не се белци се неподносливи.

Двојката беше осудена по седумнеделен судски процес.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0