ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Најкорисните хранливи материи за црниот дроб во зимските месеци

1 мин читање

За да може црниот дроб да функционира добро во зима кога „има повеќе работа за него“, било поради лекови против грип и настинки, или поради поголемото количество алкохол за време на празниците, потребно е да се земаат доволно витамини.

Најкорисните хранливи материи за правилна работа на црниот дроб се:

Витамин А – го има во сите црвени и портокалови зеленчукови и овошни плодови: моркови, цвекло, кајсии, црвени пиперки, тикви, коишто се посебно богати со каротин.

Витамин Е – го содржат зрнестите плодови, растителното масло, рибата…

Омега-3 масните киселини – го има во рибите харинга, пастрмка и скуша, како и во лененото масло.

Рибофлавин (витамин Б2) – се содржи во праските, крушите, цвеклото и спанаќот.

Липоичната киселина (витамин Н) – може да се најде во млечните производи, спанаќот и во говедското месо.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0