ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Невенчаниот сопруг на Царовска е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ

Невенчаниот сопруг на Царовска е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ

СДСМ ја започнува годината со црнила и со скандали. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, крие дел од имотот, според фактите кои ги обелоденуваат медиумите.

Царовска, како што е објавено живее заедно со нејзиниот невенчан сопруг, Горан Георгиев, а во својот анкетен лист го нема пријавено имотот на истиот.

Ова е анкетниот лист на Царовска, во него е наведен нејзиниот личен имот и имотот на нејзините родители, имотот на нејзиниот брат, меѓутоа го нема и имотот на нејзиниот невенчан сопруг. Имено според законските прописи, односно чл.13 од Законот за семејство, заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.

Според информациите Царовска е во вонбрачна заедница со Георгиев, со кого има и дете, заедница која според македонските закони е рамна на брачната заедница кога се работи за имот и други права стекнати ззаеднички.

Невенчаниот сопруг на Царовска, Георгиев, е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ. Како што објавија медиумите фирмата на неформалниот сопруг на Царовска добила 1.5 милиони денари на име набавка на дронови.

Дали милионските тендери се причината поради која Царовска не го пријавува имотот на нејзиниот невенчан сопруг? Дали преку невенчаниот сопруг на Царовска се прекршува законот за да се добиваат државни пари во четири очи без распишани тендери? Дали на тие сметки се таложат парите кои јавноста не треба да ги гледа, а ги плаќа од свој џеб?

Според чл. 81 од Законот за сопственост и други стварни права имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен заеднички имот. Царовска во спротивност со законот не го прибележала имотот на нејзиниот вонбрачен другар, па дури ни тој кој како што објавуваат медиумите е стекнат додека се во заедница.

Оваа криминална власт на чело на позициите за министер постави луѓе кои наместо да се грижат за граѓаните, се грижат за своите лични потреби! Оваа криминогена власт мора да си замине. СДСМ мора да си оди, црнилата мора да бидат поразени, а зората ќе изгрее за Македонија.