ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Негрижа која мора да запре: Скопјанец преживува голгота на клиника, оставен е гладен и без терапија-потресно сведоштво на неговата ќерка

Негрижа која мора да запре: Скопјанец преживува голгота на клиника, оставен е гладен и без терапија-потресно сведоштво на неговата ќерка

1 мин читање

Наместо да добие човечки третман и здравствена грижа, постар скопјанец преживува голгота на скопската клиника за Нефрологија.

Поради инфекција на бубрезите, човекот е примен во болница во петокот, на 22-ри февруари.

Неговата ќерка ја контактираше редакцијата на КУРИР. Мошне вознемирена, ни раскажа на каква слика била сведок кога отишла во посета на својот родител.

Го посетува попладне, кога ќе заврши нејзиното работно време. Мислела дека во болница ја добива потребната нега, но тоа што го видела таму буквално ја оставило во шок.

-Секој ден попладне одам да го посетам мојот татко. Го наоѓам мокар, непресоблечен. Не е јаден од утрото додека јас да дојдам. Болничката храна му ја носат и ја оставаат на масичка која е далеку од неговиот кревет. Таму ги наоѓам и појадокот и ручекот. Тој до храната не може да дојде сам бидејќи е со катетар и не станува самостојно. Мојот татко е гладен по цели денови таму, никој не доаѓа да му ја донесе храната или да му даде да јаде, раскажува ќерка му за КУРИР.

Пациентот, освен што не прима храна, не ја добива ниту терапијата која мора да ја пие.

-На истата масичка каде ја наоѓам храната, таму му стои и терапијата. Лековите се ставени таму и вработениот на клиниката ги остава. Не му ги дава во раце или во уста на татко ми. Нема никаква грижа, еднаш им паднал на колена и се повреди, вели таа.

Кога доаѓа на посета во малата соба со 5 кревети, скопјанката не наоѓа ниту болничар, ниту сестра, а уште помалку доктор кој ќе може да ја информира за состојбата на родителот.

Лошата состојба со која се соочува ова семејство, не запрела тука.

-Татко ми доживеа и мозочен удар таму. Повторно е оставен на милост и немилост, гладен и жеден. Постојано е мокар. Јас им однесов и пелени за да го пресоблекуваат, но течноста тече по него и тој е мокар, непресоблечен во сува облека. Постојано му ставаат инфузии и затоа често мокри. Тоа што го прежувува е навистина жално, истакна нашата соговорничка.

Нејзиниот идентитет, како и идентитетот на нејзиниот татко кој е пациент на клиниката, се познати на редакцијата, но истите нема да бидат објавени бидејќи нашата соговорничка побара, барем засега, да ги заштитиме на овој начин. Се плашат дека фактот што јавно зборуваат за овој проблем, може дополнително да им наштети.