ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Неодговорноста на СДСМ дозволува вистинска еколошка катастрофа во Охридското езеро.

Неодговорноста на СДСМ дозволува вистинска еколошка катастрофа во Охридското езеро.

Неодговорноста на СДСМ дозволува вистинска еколошка катастрофа во
Охридското езеро. Десетици тони плашица веќе неколку дена е заробена во
каналот Студенчишта, каде соочена со недостаток на кислород и се заканува
целосно изумирање.
Поради се помалата кота на езерото, плашицата е принудена да оди кон
каналот Студенчишта, каде исто така е паднато нивото на водата, со тоа
десетици тони плашица се наоѓаат на мал простор каде нема доволно кислород
за преживување на овој вид и доаѓа до масовно изумирање.
Охридското езеро подолг период е под биолошкиот минимум, што е
директна причина за еколошкиот егзодус во езерото. Неспособноста на СДСМ
овозможи езерото да се испразни од дозволената минимална кота и тоа
предизвика проблем не само на плашицата, туку и на охридската пастрмка.
Власта свесно дозволи поради производство на електрична енергија да се
доведе ендемскиот жив свет во езерото во опасност. Оваа ситуација ја покажува
целата неодговорност на СДСМ, која прво го држеше езерото неколку месеци
над дозволената кота, што предизвика и поплави, за сега да го спушти под
дозволената и препорачана биолошка кота. Ова почитувани е чист
дилетантизам!
СДСМ со ваквите свои чекори директно оди спротивно на директивата за
води на ЕУ, според која производството на електрична енергија е на последната
скала на приоритети, а не на прва! На прва скала на приоритети е
водоснабдувањето на луѓето и животот на животинскиот свет, земјоделието, па
дури на крај е елекричната енергија.

Власта ги наруши сите параметри за природни и нормални услови за
живот на живиот свет во езерото, затоа што има минимум вода, а голема
количина на риба, која нема каде и како да опстои.
Апелираме до власта биолошкиот минимум да се држи во постојана
контрола. Не смееме да дозволиме заради неспособноста и аматеризмот на
власта да биде загрозена една од најголемите природни реткости во Република
Македонија.
Охридското езеро е заштитено со акт на УНЕСКО, како природна реткост,
која е преставена преку посебните видови на био свет кои што ги нема водругите езера.

Почитувани господа од СДСМ, Охридското езеро не е вештачко
езеро за производство на струја. Охридското езеро е старо илјадници години,
био светот во истото останал недопрен до денешен ден, токму затоа
одговорноста на властите да овозможат понатамошен опстанок на истото е уште
поголема.