ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Неодговорното работење на Наташа Петровска го остави пропаднат некогашниот дом за Млади во Бистрица, кој ја загрозува безбедноста на учениците

Наташа Петровска ги заборави урбаните заедници во Битола.  Ветувањата на Петровска дека Битола ќе има моќни урбани месни заедници кои ќе служат како катчиња за дружба на граѓаните, останаа празни како и сите останати ветувања на Петровска.

Неспособното и неодговорно работење на Петровска  ги остави урбаните и месни заедници под клуч , оставени на забот на времето. Јавноста исто така слуша како објектите на урбаните заедници се распаѓаат и уриваат.

Последниот пример за тоа е објектот на некогашниот дом за Млади во Бистрица, кој остана пропаднат и без покрив, што ја загрози и безбедноста на учениците во основното училиште, на што реагираат и нивните родители.

Ја прашуваме Петровска, дали заборави на ветувањата за овој објект дека ќе биде изградена спортска сала за потребите на училиштето кое е  во близина?

Исто така ја прашуваме Петровска дали после една година Урбаните и месни заедници ќе добијат претседатели?

Ваквото неодгворно и неспособно работење на Петровска е недозволиво, па затоа ја повикуваме градоначалничката Петровска веднаш да поднесе одговорност за празните и погубните политики кои ги води во Битола.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0