ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Непотизмот е врв на лицемерието на владата на СДСМ

1 мин читање

Зад мене е центарот за полнење на администрација, за вработување на мајка, синови, ќерки, татковци, стрини, вујни, чичковци  по принципот „партизација на администрација од хигиеничар до министер“. Услов е кандидатот да биде член или да биде поврзан со што повисок функционер во партијата.

Костадин Костадинов е поранешен советник, па ВД градоначалник на Струмица, сега пратеник и партиски портпарол на СДСМ кој вели  немало непотизам! Особено не за вработувањето на мајката си во Централниот регистар во Струмица.

Без паника и страв, а во име на транспарентноста и отчетноста, и во име на штитењето на јавниот интерес, Костадинов, а и СДСМ, треба да одговорат дали за вработувањето на овој свеж, мотивиран кадар без врски во Струмица, како предност и висококвалификувано искуство е земено туркањето на семејни фирми во стечај?

Односно: Зошто од регистарот во 2013 година е избришана фирмата ФАНИ ЕКСТРА ДООЕЛ Увоз Извоз Струмица, регистрирана за трговија со пијалаци? Зошто е поведена стечајна постапка преку УЈП за фирмата ФАНИ ЛОГИСТИК ДОО, за трговија со пијалаци на големо, а субјектот е се уште во постапка за бришење? Зошто е поведена стечајна постапка и бришењето на ДЕЛИКАТЕС ФАНИ ДООЕЛ Струмица, уште една семејна компанија на Костадинови? Зошто е поведена стечајна постапка и е избришана од трговскиот регистар ИНТЕР МЕТАЛ МЕТН ДООЕЛ Струмица, уште една од низата семејни компании на Костадинови, чиј што сопственик и управител најчесто е Фанија Костадинова, мајка на партискиот портпарол, поранешен ВД градоначалник на Струмица, поранешен Советник во општината, а сега пратеник во Собранието на РМ и портпарол на СДСМ?

Стечајна постапка се поведува како последица на ненамирување на обврските кон добавувачите,  значи долгови кои не можат да се сервисираат. Ваква низа на фирми во стечај и избришани од Регистарот во една потесно семејство, отвора сомнежи и остава место за прашање дали имало можност за намерно туркање во стечај и со тоа остварување на лична добивка?

Вработување на млад човек во Струмица со завршено средно образование ќе значи многу повеќе за некое семејство, отколку вработувањето на мајката на пратеник и партиски функционер! Oсобено ако примениот зад себе има неколку компании во стечај! Веруваме во фер шанса за вработување за секого, но непотизмот во ваква најсурова смисла е врв на  лицемерието на оваа власт која што не само што лажно се колне во европски вредности, туку е и бесрамна во случаи кога е фатена во лага.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0