ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Непотизмот царува- вработувањето на мајката на Костадин Костадинов е новата европска вредност на владата на СДСМ

1 мин читање

ВМРО-ДПМНЕ и го честита вработувањето во Централниот регистар на Струмица на Фанија Костадинова, мајката на Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија. Ова е голем успех на Костадинов, на СДСМ, на Централната власт, со кој што општинската власт се здоби со млад, свеж, мотивиран, образован кадар, за плата од 25.000 денари врз основа на средното образование и никакво искуство, како што впрочем е побарано во распишаниот оглас! За ова вработување и синот – портпарол вели дека ниту СДСМ ниту тој лично имаат некаква врска.

На овој начин власта на СДСМ се бори за професионална администрација во полза на граѓаните, вака власта се бори за департизација на администрацијата, вака се бори за транспарентност кон евроатланските вредности! Со вработувањето на мајката на партискиот портпарол, следствено неодамнешното вработување на неговата тетка во струмичката општа болница, не застанува партискиот пат кон Европска Македонија.

Овој придонес кон европеизација на администрацијата дадоа и пополнувањето на неопходноста од кадри како ќерката на Талат Џафери, синот на  Мирослав Грчев, сопругот на Магдалена Несторовска, син на Љубомир Фрчкоски. На локално ниво кон Европска Северна Македонија допринесуваат и двете внуки и зетот на прилепскиот градоначалник, братот на битолската градоначалничка, сопругите на градоначалниците на Берово и Неготино и низа други партиски итни и неопходни нови административци.

Нема простор за изненадување, според СДСМ партиската книшка била и ќе биде главен критериум тоа кој е најмладиот и најперспективниот кадар со средно образование, а додадена вредност е роднинската врска со истакнат партиски член и функционер на СДСМ.

Тоа почитувани се новите европски вредности, тоа за СДСМ не е непотизам. Тоа е само делување согласно разбирањето на европските вредности „членската книшка ќе ви ги замени сите документи“, а сето тоа согласно стратегијата за „јадење живи луѓе“ на партискиот лидер во функција на премиер.

Заев да потсетиме самиот порача „живи луѓе има да јадеме после тоа“. Ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0