Неспособноста на Петровска и нејзиниот тим од директори на јавните претпријатија ја оставија Битола парализирана повеќе од 30 часа
Неспособноста на Петровска и нејзиниот тим од директори на ЈП во комбинација со бонбона бизнисот на Шекеринска ја оставија Битола парализирана повеќе од 30 часа после наврнати само 10 центиметри снег.
Наместо да се извинат на граѓаните за штетите кои ги претрпеа како резултат на својата неспособност во текот на вчерашниот ден локалната власт не убедуваше дека еден обичен снег претставува голема временска непогода. Голем дел од градските населби, околните населени места и населените места од поранешните општини Цапари, Бистрица, Кукуречани останаа без напојување со електрична енергија повеќе во изминатите 30 часа, а некои се уште се без напојување.
Петровска и нејзиниот миленик директорот на ЈКП „Комуналец“ од Битола се директно одговорни за материјалната штета која ви беше нанесена на вашиот движен и недвижен имот како резултат на неодржување на дрворедите и зеленилото во градот во текот на целата година. Уништени автомобили, огради, уништен градски парк, попречени улици од дрва и гранки, прекинати кабли, неисчистени пешачки патеки е реалноста на Битолчани под водство на Петровска.
Бараме од Петровска веднаш да испрати тимови за проценка на настанатите штети за кој таа е директно одговорна и под итно да ги обештети граѓаните на Битола и околните населени места.