ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Николоски во Вашингтон на средбата на Европски лидери, како и на средби со Даниел Сервер и Обединета Македонска дијаспора – На Македонија и се потребни предвремени избори

Николоски во Вашингтон на средбата на Европски лидери, како и на средби со Даниел Сервер и Обединета Македонска дијаспора – На Македонија и се потребни предвремени избори

Во рамки на својата работна посета на Вашингтон САД Николоски
учествуваше на средбата на Европски Лидери во рамки на молитвениот појадок, а
оствари средби и со неколку конгресмени.

Николоски се сретна и со професорот
Даниел Сервер, одличен познавач на состојбите на Балканот и во Македонија при
што разменија мислења за актуелните случувања.


Николоски се сретна и со Претседателот на Обединетата Македонска
Дијаспора Мето Колоски при што нагласи дека силна дијаспора значи силна
Македонија и се заблагодари на сите активности на ОМД. Ги поздрави нивните
напори за формирање на група на пријатели во Конгресот која одлично
функционира како и новите програми за млади насекаде низ дијаспората.


На сите средби Николоски зборуваше за состојбите во Македонија,
штетните последици од договорот со Грција, економското назадување и растот на
корупцијата. Недостатокот на реформи и визија каде Македонија треба да се
движи. При тоа ја истакна потребата од одржување фер, слободни и компетитивни
предвремени парламентарни избори со цел надминување на политичката криза
која е предизвикана од актуелната власт.