ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Никој не може да го објасни ова чудо: Бил мртов 21 минута, а потоа оживеал на пат за мртовечница

Еден поштар од Англија „оживеал“ по 21 минута откако лекарите го прогласиле за мртов и наречен е „чудо од човек“ бидејќи се вратил во живот додека го носеле во мртовечница.

Жоао Арожо (48) бил зад воланот  со својата жена кога му се слошило и се онесвестил.

По шест часа обидувајќи го да го вратат во живот, лекарите на неговото семејство му соопштиле дека починал.

Медицинските сестри го носеле од интензивна нега во мртовечница и тогаш почнале да забележуваат дека нешто се помрднува. Го вратиле на одделение каде се покажало дека Жоао е жив.

Лекарскиот тим рекол дека не постои точно објаснување за тоа што му се случило, како и тоа дека можел по три недели да се врати на работа. Во неговиот здравствен картон стои дека му се случило „спонтано враќање на циркулацијата“, а Жоао бил на одделение за срцеви болести каде го добил прекарот „чудо од човек“.

– Тоа ме промени. Секој ден повеќе ги ценам работите. Секој ден се заблагодарувам што сум жив, и велам благодарам што имам работа. Повеќе го ценам своето семејство и пријателите, вели тој.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0