ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Нова цена на горивата

Горивата од денеска ќе имаат нова цена, а таа за последен пат ќе биде утврдена по постоечката методологија.

Како ќе се утврдува цената по 8 мај кога истекува обврската од купопродажниот договор со ОКТА засега не се знае. Извесно е дека во цената ќе влезе трошокот за складирање на нафтените деривати, потоа трошокот за транспорт, повисоки трошоци ќе има и за набавка на поголеми количини. Копјата се кршат и околу висината на маржата која ја добиваат нафтените компании. Сега таа изнесува 3,2 денари по литар, бараат да се искачи на 6.

Регулаторна е во преговори, тврдат дека новата методологија нема да придизвика ценовен шок.

Бислимовски вели дека за да се примени новата методологија треба да стапат на сила измените во Законот за енергетика кој е донесен во Собрание, но е не потпишан од претседателот Иванов, па ќе треба повотрно да се гласа. Очекувањата се дека процедурата ќе заврши навреме, односно до 8 мај.

Денеска регулатрона треба да ја расчисти дилемата и околу тоа кој од исклучените од системот на парно греење ќе плаќаат паушал а кој не. Според соопштението објавено на веб страницата на БЕГ само граѓаните кои живеат во становите исклучлени од системот ќе бидат ослободени од обврската за плаќање паушал. Останатите треба да продолжат со плаќање.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0