ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Македонија > Нови детали: Македонецот ја убил сопругата пред очите на малолетните деца

Нови детали: Македонецот ја убил сопругата пред очите на малолетните деца

Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија ја убил својата сопруга на паркинг во австрискиот град Тулн. Според информациите на австриските медиуми осомничениот е 36 годишен маж кој ја пречекал својата сопруга (32) на паркинг пред супермаркет во градот Тулн и ја нападнал со нож.

Македонецот си ја уби сопругата во Австрија пред очите на многу минувачи. Локалните медиуми пишуваат дека  ја убил со нож сопругата кога и задал повеќе убоди во вратот.

Сопружниците потекнуваат од скопското село Ласкарци, кај Сарај.

Таа искрварила до смрт на паркинг пред супермаркет, а се создала голема паника.

За настанот да биде уште потрагичен, децата на брачниот пар кои имаат 6 и 10 години го виделе злосторството.

Институциите веднаш ги згрижиле.