Нов бенд на македонската сцена: Ја негуваат старата македонска песна додека работат на нови хитови
1 мин читањеНовитет на македонската музичка сцена. Двајца браќа музичари, оформија нов бенд и веднаш се фатија за работа.
„Бендот на браќа Нуне“ се состои од 7 члена. Освен браќата, Филип Нунески (труба) и Раде Нунески (саксафон-кларинет), во новиот бенд членуваат два вокала Мими Јовановска и Драган Лазев, Никола Николовски на хармоника, Даниел Маневски на клавијатура и Слободан геровски на ударни инструменти.
За да се претстават пред публиката, снимија видео со преработки од стари македонски песни и најавија нови преработки на евергрини, народни и забавни македонски песни.
Ќе работат и со странски хитови, но најголема посветеност во моментов имаат за својата прва авторска песна.