ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Нов список со лектири: Дознајте што мора да читаат децата од II до IX одделение

Нов список со лектири: Дознајте што мора да читаат децата од II до IX одделение

Минатата година беше објавен јавен повик за ревидирање на списокот за лектири.

Во изборот учествуваа наставници, родители, издавачки куќи, Друштвото на писатели на Македонија и професори од катедрите за книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и од Институтот за македонска литература.

До Бирото за развој на образованието стигнаа многу предлози, а деновиве конечно е објавен новиот список.

Меѓу новите наслови кои се на списокот се „Кифличката Мирна“ од Оливера Ќорвезироска, „Легенди за Марфи Компирката“ од Овен Колфер, „Скокни – прескокни“ од Васил Мукаетов…, а за девето одделение како задолжителна лектира вратена е и светската класика „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери.

Списокот на лектири е сменет и дополнет и за наставата на албански, турски и српски јазик.