Нурмагомедов: Зошто да не бидам пријател со Конор?
ММА ѕвездата Хабиб Нурмагомедов ги прокоментира односите со Конор Мекгрегор и спротивно на раширеното мислење дека тие се „смртни непријатели“, навести дека може да станат и пријатели.
Мекгрегор го нападна автобусот, во кој беа Нурмагомедов и неговите луѓе, по што Дагестанецот го победи во рингот и влезе во конфликт со екипата на Ирецот.
– Зошто да не се гледаме надвор од рингот? Зошто да не бидеме пријатели? Јас не го мразам, само реагирав на навреда. Не ми се допадна како тој и неговите луѓе се однесуваа со мене и се бранев, објасни Нурмагомедов.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: