Оваа мајка е најголем монструм: Си ги убила малите деца со инјекција
1 мин читањеМедицинска сестра од Италија ги убила со смртоносна инјекција своите деца – момче од седум и девојче од девет години. Мајката, по убиството, си го одзела животот.
Италијанската агенција АНСА извести дека истражителите претпоставуваат дека 48-годишната мајка ставила смртоносна мешавина на лекови што ги донела од болницата во која работела.
АНСА извести дека жената оставила порака на која пишувало дека повеќе не може да го поднесе товарот на животната мизерија.
Безживотните тела во станот ги пронашол сопругот на медицинската сестра и татко на двете деца кога се вратил дома од работа. Медиумите пишуваат дека тој уште е во состојба на шок.
Официјалните причини за смртта ќе бидат изнесени по завршување на обдукцијата.
Лица што го познавале семејството велат дека тие изгледале нормално. Родителите биле вклучени во градските активности, а децата биле страсни скијачи.